01/05/2024
Македонија

Работна посета на министерот за надворешни работи на Република Полска Јацек Чапутович

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во понеделник, на 12 март 2018 година, ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

На средбата, министерот Димитров ќе информира за активностите поврзани со домашната реформска агенда и развојот на добрососедските односи во контекст на очекуваните позитивни придвижувања на патот кон целосно интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Се очекува на средбата двајцата Министри да разменат мислења и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката.

Во рамките на посетата, министрите Димитров и Чапутович ќе ја отворат седмата средба на полско–македонската соработка во евроинтегративниот процес, т.н. „Скопска конференција“, на државни службеници од Република Македонија и Република Полска, а предвидено е и да ги поздрават учесниците на тркалезната маса посветена на „Улогата на истражувачките организации (Think-Tank) во дебатата за европска интеграција” на која ќе учествуваат think-tank-ови од двете земји.

Исто така, предвидено е Министрите заеднички да положат цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи од Македонија во рамките на Комеморативниот настан што се организира по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.