Расветлени три кривични дела поврзани со тешки кражби од возила

СВР Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривични пријави против И.Џ.(29) од с.Страхојадица, поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило, казниво по чл.236 од Кривичниот законик и против Б.Д.(18) од с.Ржаничино, скопско, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа: тешка кражба од товарно моторно возило, предвидено и казниво согласно член 236 од Кривичниот законик и тешка кражба во обид од патничко моторно возило, предвидено и казниво согласно чл.236/19 од Кривичниот законик.

Имено, на 15.06.2020 на бул.„Александар Македонски“ кај подземниот премин кај „Континентал“, И.Џ. од патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на институција, одзел ташна, паричник со лични документи, картички и пари. По извршен увид и преземени мерки бил утврден идентитетот на сторителот на делото, кој на 24.09.2020 бил приведен и ќе следи кривична пријава.

Додека Б.Д. кривичните дела ги извршил на 07.08.2020, на паркинг просторот на ул.„3“, кај бензинската пумпа во с.Кадино, и тоа од товарно возило „ман“, со винички регистарски ознаки, сопственост на бензинската пумпа и од патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.А. од Скопје. Сторителот на лице место дошол со патничко возило „фијат крома“, со скопски регистарски ознаки. По преземени дејства и обезбеден видео запис, утврдени се возилото и сторителот на кривичните дела.