28/04/2024
Охрид

РЦСОО „Ванчо Питошески“: Многу е лошо кога политиката ќе се инволвира во образованието

„Во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК – Охрид, сакаме да истакнеме дека многу е лошо кога политиката ќе се инволвира во една од клучните општествени дејности, како што е образованието.

Што се однесува до реконструкцијата на училиштето и ученичкиот дом, тоа е една комплексна работа а, помеѓу останатото станува збор за објекти кои се градени пред повеќе од 60 години и факт е дека можат да настанат непредвидливи ситуации.

Динамиката на изградбата исклучиво зависи од изведувачот – Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Бауер БГ“ ДОО Скопје затоа што во поглед на сите изведени работи и зафати, навремено му се исплаќаат средства од страна на Министерството за образование и наука, каде што целокупната инвестиција изнесува нешто повеќе од сто милиони денари.

Инаку, изведбените работи и зафати се при крај и работите се одвиваат со зголемен интензитет, со што за краток период, училиштето ќе добие еден современ изглед и ќе биде опремено со најсовремени средства за реализација на теоретската и практичната настава, како и со еден модерен сместувачки капацитет за учениците.

И во вакви услови, училиштето продолжува со своите активности и организира настани за кои јавноста ќе биде известена во најкраток временски период.“ – стои во реакцијата од РЦСОО „Ванчо Питошески“Охрид.


WebOhrid / 25.09.2023 / РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид