09/10/2024
Охрид

Реализирана акциска контрола кон возачи што управуваат возило под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Охрид, синоќа реализира зајакната акциска контрола кон возачи што управуваат возило под дејство на алкохол. Полициските службеници, во времето од 23 до 05 часот, контролираа вкупно 286 возачи, алкотестирани беа 188, а кај 23 возачи на моторни возила е утврдено присуство на алкохол. Во рамките на акциската контрола, од сообраќај исклучени се 27, а времено одземени се 23 возачки дозволи. Поради сторени прекршоци спротивни на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 25 мандатни платни налози и два прекршочни платни налози.

СВР Охрид и понатаму ќе презема мерки кон сите учесници во сообраќајот со цел подигнување на сообраќајната безбедност и нагласување на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.