24/04/2024
Македонија

Регистрирани настани поврзани со изборите во периодот од 11.00 до 12.00 часот

Во периодот од 11.00 до 12.00 часот во МВР биле пријавени следниве настани во врска со изборниот процес. Потенцираме, ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе ги утврдиме фактите соодветно ќе ве информираме.

– Околу 11.05 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Околу 11.12 часот во Полициската станица Бит пазар од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул.„Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.

– Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека пред избирачките места бр.834 и бр.834/1 непознато лице со патничко возило вршело евиденција на лица кои се движат кон гласачките места. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 11 часот во Полициската станица Кочани, П.П. од Кочани пријавил неправилност при гласањето пред ОУ,,Раде Кратовче“ во Кочани, односно дека З.С. наводно делел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица со патничко возило во нас.Оризари носат организирано гласачи на гласање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Од политичка партија во Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека четири лица ги попречувале гласачите да го остварат своето право во нас.Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 10.35 часот во Полициската станица Крива Паланка, Н.Т. од Ранковце пријавил дека лице од Ранковце доаѓало до избирачко место број 0987 со повеке луѓе и агитира. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 11.05 часот во Полициската станица Крива Паланка, М.Т.С. пријавила дека на ул.„8-ми Септември“ неколку лица ги фотографирале граѓаните кои влегуваат да гласаат на избирачко место во градинка ,,Детелинка”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 15.07.2020 во Полициското одделение Ново Село, било пријавено дека во дворот на училиштето во селото каде биле сместени избирачките места Т.Ќ. вршел агитирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, по преземени мерки во врска со претходно пријавени настани, кои веќе беа објавени од МВР, утврдено е дека:

– Во врска со настанот во кој Е.Е. од Битола пријави дека непознати лица и нуделе пари за гласање, биле преземени мерки и не биле потврдени наводите во пријавата.

– Во врска со настанот во кој Ф.Г. од Прилеп, пријавил дека пред ОУ „Климент Охридски“ во Прилеп група на граѓани вршеле агитирање, преземени се мерки и не се потврдени наводите во пријавата.