Репортажа: ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, на својот пример, покажува дека анти-ковид херои можат да бидат и учениците и професорите

Основно училиште за туризам и угостителство (ОУТУ) „Ванчо Питошески“ од Охрид, го распиша конкурсот за запишување ученици за учебната 2020/2021 година.

Училиштето, се наога во најубавиот дел од Охрид, на самиот брег на Охридското Езеро, а покрај современо уредени училници, кабинети, кујна и ресторан, располага и со сопствен ученичкиот дом каде што сместувањето и исхраната за учениците се бесплатни.

Во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик, според наставните планови и програми: угостителско – туристичка струка – 238 ученици, во 7 паралелки, и тоа: за хотелско – туристички техничари 34 ученици во една паралелка, угоститтелски техничари за рурален туризам34 ученици во една паралелка, угостителски техничари – 34 ученици, техничари за настани и анимации34 ученици, келнери – 34 ученици, готвачи – 34 ученици и слаткари – 34 ученици.

Во Хемиско-технолошка струка, ќе има 68 ученици, во 2 паралелки и тоа за пекари и месари.

Марјан Радески, директор: Подготвуваме стручен киадар по мерка на бизнис заедницата

Директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески”, Марјан Радески појаснува дека туризмот и угостителството се водечки економски гранки во Охрид, Струга, ни во други места од нашата држава. Од друга страна, дури 58 проценти од планираните вработувања, се за кадар со средно стручно образование, кое обезбедува задолжителна практична обука што се обавува и постојано се надоградува во кабинетите по практична настава, или, кај работодавачитехотелите и рестораните вдолж брегот на Охридското Езеро, а тука се и туристичките агенци, аеродромот…

Стручните кадри се барани од бизнис заедницата и нивната плата е поголема од минималната,а честопати е и поголема од просечната.

-Најмалку, 45 отсто од младите до 24 години се невработени затоа што нивните знаења и вештини не се восогласност со барањата на трудот. Тоа е доволно, за да се одбере нешто ко е средно стручно, што е вредно и обезбедува диплома за систекнати знаења и вештини. Кај нас, младите вложуваат во својата иднина и имаат иднина. Сигурно ќе се вработат во струката, или, ако сакаат, да го продолжат школувањето и усовршувањето, дури и да отворат свој бизнис, додава директорот Радески.

Педагошка и професионална блискост – преку далечинско учење и далечинско полагање на испитите

По препорака на Владата и поради преземените мерки за заштита од корона вирусот, Ковид – 19, во ОУТУ „Ванчо Питошески”, полагањето на вонредните кандидати за мартовската, априлската и мајската испитна сесија,од оваа година, ќе се реализира преку далечинско учење, или, учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

Средствата за електронска комуникација ќе овозможат реализирање на полагање без физичко присуство на кандидатите и членовите на комисиите. Тоа можат да бидат сите системи за електронска размена на податоци (Viber, Мessenger, Skype, e-mail…).

Кандидатите ќе добијат контакти од наставниците членови на комисијата за предметот кој се полага, со кои ќе се договорат за начинот и терминот за полагање.

Анти-ковид херои можат да бидат и учениците и професорите

Вообичаено, во ова време-невреме, за херои, со право, ги прогласуваме лицата од професиите, кои се први на борбената линија:лекарите,медицинските сестри и техничари, војниците, полицајците. Ова средно училиште од Охрид, на дело, докажува дека тоа можат да бидат и учениците и професорите.

На пример, и во вонредна состојба, учениците освојуваат награди и тие се херои во ова време-невреме. Со труд и верба може да се постигне сѐ во животот и треба да се работи на својот сон, својата цел, за да се успее во животот. Нивното детско актерско лице е најбогатиот извор во филмот во кој „живеат и можеме од нив да читаме“. А, кај гледачите успеваат да ги поттикнат нивните асоцијации да откријат на метафорички начин што се крие зад недопирливите ѕидови на општеството и светот на младите и самите да ги дадат одговорите на многу прашања.

Ученикот Николче Ангеловски, пак, со говорот „Стоп за корупција“ се натпреваруваше во категоријата: „Јавен говор” и го освои 6-то место, додека со песната „Македонско тло“ во категоријата „Најдобра поетска творба” – 9-то место. Натпреварувачи имаше и во категориите: „Најдобра поетска творба”, на тема „Емоција во изолација”, како и во категоријата „Најдобра фотографија“.

Учат од најдобрите во светот: Учесници Еразмус плус проектите

Деветнаесет ученици и тројца професори, престојуваат во познатата туристичка дестинација Броло – Сицилија каде го реализираат проектот „Learning from the best – Учиме од најдобрите“. Тоа е трет проект во кој учествуваат охридските ученици во рамките на програмата на Еразмус плус, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Во реномираниот хотел „Гатопардо“ учениците од угостителско – туристичката струка изведуваат практична работа. Практичната работа во овој хотел со 4 ѕвездички, им овозможува да ги покажат стекнатите знаења и истите да ги надополнат и развијат, да ги запознаат и почитуваат современите принципи на работа и високите европски стандарди во угостителството и туризмот, а со тоа да придонесат за својот личен и професионален развој.

Преку практичната работа, учениците освен што се претставуваат себеси, ја претставуваат државата, општината и институцијата која ги испраќа и прифаќа. Затоа, голем предизвик и мотив кај учениците е да се учествува во проектите на Еразмус плус.

Лани во октомври, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со своите ментори и директорот на училиштето, беа дел од Меѓународниот натпревар на угостителско-туристички училишта „ГАТУС 2019”.

Натпреварот се одржа во Пореч, Хрватска, со учество на 170 учесници од 15 училишта.

Учесниците, покрај во натпреварувачкиот дел, разменуваа искуства, запознаваа примери на добра пракса и ја прошируваа меѓусебната соработка.

ОУТУ „Ванчо Питошески“ како единствен учесник од Република Северна Македонија се натпреваруваше во следните три дисциплини:Готварство со слаткарство, со учениците Кристијан Тошески, Марко Илиески и Стефан Аврамоски, под менторство на професорот Војо Ангелоски, при што освоија бронзен медал.

Во поставување свечена маса и подготвување коктел, учениците: Ана Марија Крстеска, Александар Камчевски и Џабир Далипоски, под менторство на професорот Зоран Наневски, освоија сребрен медал.

Исто така, во категоријата: Претставување на дестинација и изработка на туристички аранжман, учениците: Силвија Кацеминовска, Сара Џелили и Сабина Џелили, под менторство на професорката Елена Митреска, освоија сребрен медал.

Вонредна состојба – вонредни резултати

Оваа година, на 24 и 25 април, се одржа онлајн натревар: „Образовно рандеву 2020 – МАССУМ” на платформата на Универзитот ФОН, на кој учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски, учествуваа во 4 категории.

Во конкуренција на 60-тина средни училишта од Македонија, во категоријата најдобар филм, ОУТУ „Ванчо Питошески“, освои 3 –то место и бронзен медал за филмот „Мој живот, моја цел“, во режија на ученикот Дарко Соколески, а во кој играат актерите – ученици: Ерол Брзев, Менче Нестороска, Димитар Дуноски, Марко Настески, Ангел Стојчески, Елда Кадриу и учениците од класот I-3.

Секоја година – рибна чорба за ГИНИС: 5.000 порции за гостите на „Денот на рибарите” и социјално ранливите семејства

Во рамки на манифестацијата „Денот на рибарите”, која ќе се одржува на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител, и оваа година се подготви традиционалната рибна чорба.

Чорбата се подготвува во голем казан, кој беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет се задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, a тоа претпоставува обработка, подготовка и послужување на 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини.

Се подготвува околу 1,5 тони чорба, или околу 5.000 порции, кои се послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба е доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

Лидери во угостителската професија

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ постигнаа врвни резултати и на Шестиот државен натпревар: „Лидер на струка 2019/2020” што се одржа последниот месец од минатата година во Скопје во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование.

На овој натпревар учествуваат ученици од завршните класови од угостителско-туристичката струка. Натпреварувачкиот дел се состоеше од писмен тест и практична задача соодветна за образовниот профил од угостителско-туристичката струка, каде учениците ги покажаа стекнатите знаења и вештини.

Учениците од ова училиште, постигнаа завидни резултати:

Качакова Марија, хотелско-туристички техничар, освоено Прво место, под менторство на професор Јелиз Караман Бешир.

Стефан Аврамоски, готвач, освои Прво место, под менторство на професор Војо Ангелоски.

Џабир Далипоски, угостителско-туристички техничар,освоено Второ место, под менторство на професор Блаже Јорданоски.

Христина Христова, келнер,освои Второ место, под менторство на професор Зоран Нанески.

Навистина, заслужени признанија и честитки за учениците и менторите од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Веле Митаноски