29/04/2024
Охрид

Реприза на детската театарска претстава „Лист, камен и ножички“ во петок (05.01.2024)

„Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација.

Новата 2024 година ја започнуваме со реприза на детската театарска претстава на Детското драмско студио (ДДС) „ДрамаКидз“ со наслов „Лист, камен и ножички“ во петок 05.01.2024 година, почеток 19.00 часот, мала сала, цена на карта 100 денари.

Детското драмско студио „ДрамаКидз“ работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, целиот процес од почетокот го следат 21 члена, деца-актери на возраст од 9-14 години од сите училишта во градот.“ – информираат од НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.


WebOhrid / 02.01.2024 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид