28/03/2024
Охрид

Ритмички круг – заедно како едно срце во Пештани

Музички хепенинг „Ритмички круг-заедно како едно срце“ со ученици, наставници, родители и жители од Пештани и Охрид се одржа денеска во дворот на ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани.

Во сорабoтка со музичари тапанари/перкусионисти и граѓаните проектот „Ритмичкикруг – заедно како едно срце“ се изведе јавен ритмички круг во дворот на училиштето во Пештани. Овој настан го водеше Проф. Илија Стојаноски.

Настанот го организира Центарот за заедничка основа во соработка со ОУ „Свети Наум Охридски“ Пештани – како дел од иницијативата Нов културен бран подржан од Министерството за Култура на Република Македонија.

Вакви настани се одржаа и во Дебар и Кочани.

Видео: Ритмички круг – заедно како едно срце во Пештани