20/04/2024
Македонија

Шахпаска: Социјалното партнерство и постоењето на социјален дијалог е од огромно значење

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

На средбата се разговараше за досегашните законски решенија кои ги уредуваат правата и обврските поконкретно за вработените лица во социјалната заштита и можноста за нивно унапредување.

Како репрезентативен синдикат кој се грижи за остварување и заштита на правата на вработените во овој сектор, претставниците ги посочија предизвиците со кои се соочуваат во време на КОВИД-19, но и тековни прашања и потреби кои браат дополнително разгледување и можност за нивно решавање.

Министерката Шахпаска истакна дека социјалното партнерство и постоењето на социјален дијалог со сите засегнати страни е од огромно значење, затоа што тоа води до изнаоѓање на издржани решенија  кои  би  одговориле на пристигнатите прашања адресирани до Министерството како надлежно, а се во интерес на сите засегнати страни, работниците, но и работодавачите.

На средбата се разговараше и за измените во Законот за работни односи, во делот на пензионирањето на 64 години старост и 15 години стаж, со можност за продолжување на договорот за работа доколку се работи за дефицитарен кадар, како што е здравството и  високото образование.

Соговорниците изразија подготвеност за понатамошна соработка за сите прашања кои ги засегаат вработените во социјалната заштита, а се во надлежност на Министерството.