23/04/2024
Охрид

СДСМ: Локалната и понатаму удира по џебот на граѓаните, сега на ред е ЈП „Градски пазар“

Изјава на портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Јован Крлев.

„Локалната самоуправа и понатаму удира по џебот на граѓаните. Затскривајќи се зад енергетската криза продолжува да ги зголемува цените на услугите на јавните претпријатија во градов. Сега на ред е ЈП Градски пазар. На седницата на Совет во Понеделник треба да добие амин од градските избраници на ВМРО ДПМНЕ за да им ги зголеми цените на закупците и на останатите корисници на услуги. И тоа за околу 25%.

 На пример за закуп на тезга за продажба на земјоделски производи наместо да се плаќаат 38 436 годишно како досега, сега ќе се плаќа 48 045 денари. Тоа значи дека сите оние кои имаат тезги на кои продаваат зеленчук и овошје ќе плаќаат за околу 10 000 денари повеќе. Ист е случајот и со продажните места за пиљари, за бижутерија, текстил како и дневната пазаришна такса која се зголемува за дополнителни 20 денари.

Граѓаните, истите оние кои гласаа за оваа локална власт сега ќе бидат дополнително осиромашени од истата.

Се прашуваме дали со вакви цени за закуп ќе има воопшто закупци? Охрид доби затворен пазар, ама по се изгледа ќе нема кој да работи во него.

Локалната на чело со градоначалникот Кирил Пецаков се избрани да ги штитат интересите на охриѓани и да им овозможат подобар живот, а не да ги доведат до работ на егзистенција.

Оваа локална власт се повеќе покажува дека нема капацитет да се справува со предизвиците.“ – изјави Крлев.


WebOhrid / 27.11.2022 / СДСМ Охрид