27/07/2024
Охрид

Се асфалтира улицата „Спас Банџов“

Започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид. Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно се реализираа подготвителни активности, гребење и чистење.

Проектот е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид.


WebOhrid / 31.05.2022 / Општина Охрид