27/04/2024
Охрид

Се одржа триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид

Со осумдесет и седум точки на дневниот ред, денес се одржа 39- седница на Советот на Општина Охрид. Пред советниците беа годишните извештаи и завршни сметки на образовните институции, јавните претпријатија и програмите на општинските одделенија.

Во вториот дел од работата на денешната седница, советниците усвоија деветнаесет одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид.


WebOhrid / 14.03.2024 / Општина Охрид