14/10/2024
ДебрцаОхридСтруга

Се преземаат мерки за сузбивање на нелегална сеча на огревни дрва

СВР Охрид, во континуитет, одделно но и во соработка со Регионалниот Центар за Гранични работи-Запад (РЦ за ГР Запад), Шумска полиција и ЈП Национални Шуми, преземаат мерки со цел сузбивање на нелегалната сеча на огревни дрва на целото подрачје што го покрива и фаќање на лица сторители на кривичните дела „нелегална сеча на дрва“, пустошење шуми“ и „кражба на дрва“.

Овој вид на криминал најчесто се врши во шумските појаси на планините Караорман, Петринска планина, Галичица  поточно во атарот на селата Црвена вода, Скребатно, Ливоишта, Лескоец, Велгошти, Љубаништа, Јабланица, Вишни, Лабуништа, Мали Влај, Франгово, Радолишта.

При спроведени заеднички и одделни акциски контроли, во текот на минатата 2022  и првите девет месеци од 2023 година, полициските службеници при СВР Охрид, откриле 35 сторители на овие кривични дела (2022-25, септември 2023-10) и вкупно 235,4 м3 нелегално пресечено дабово и буково огревно дрво (2022-41,3, 2023-194,1 за што, се поднесени вкупно 15 соодветни пријави (2022-08, септември 2023-07).

Сторителите, најчесто се државјани на РСМ и Република Албанија од кои, еден поголем дел, имаат нерегулиран престој во РСМ.


WebOhrid / 30.10.2023 / СВР Охрид