22/06/2024
Македонија

Се самозапали возило на патот Гостивар-Охрид

На 05.08.2018 година во 00:10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Охрид, на околу километар под каменоломот „Јефута“, дошло до самозапалување-опожарување на товарно моторно возило „МАН“ со албански национални ознаки, управувано од Б.И.(65) од Р.Албанија, во кое се превезувало старо железо од Скопје кон Елбасан-Р.Албанија. Пожарот избувнал во задниот дел на кабината од неисправна инсталација и се проширил на целата кабина која во целост изгорела. Во 01,05 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Гостивар, пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.