01/05/2024
Македонија

Се зголемуваат цените на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,06%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,079 ден/кг.


WebOhrid / 10.04.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги