Се зголемуваат цените на горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,84%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,019 ден/кг.