09/12/2024
Охрид

Седумте чинари од Охрид прогласени за природна реткост

На иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, неодамна Владата на Република Северна Македонија ги прогласи седумте чинари од Охрид за природна реткост.

Согласно Решенијата на владата објавени во Службен весник на РСМ бр.141/21 од 24.06 2021 година за природни реткости се прогласени чинарите:  во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска; единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“;  пред зградата на Црвен Крст;  во Влашка Мала;  во населба Кошишта  и чинарот кој е во Централното градско подрачје.