29/04/2024
Македонија

Секое чудо три дена – оштетени и расфрлани електрични тротинети низ Скопје

На 12 мај, ЈП Градски паркинг Скопје започна со Проект за изнајмување на електрични тротинети, каде 500 електрични тротинети беа поставени на 19 базни станици низ Скопје. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот…

Арно ама, културата излезе на виделина. 10 дена подоцна може да се забележат оштетени и расфрлани тротинети, оставени на сред улици и тротоари, тротинети без дисплеј и тркала, а некои дури завршија и во контејнер.

Граѓаните првично изразија незадоволство од цената која изнесува 9 денари/минута, што е навистина многу доколку некој се одлучи да изнајми ваков тротинет на неколку часа, а не запираат и реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, кои видно разочарани од односот на несовесните сограѓани постираат разни фотографии и ситуации со овие тротинети.


WebOhrid / 22.05.2023 / фото: Twitter