26/04/2024
Охрид

Слаба магла во Охрид

Од синоќа во Охрид има појава на слаба магла, која што е присутна и денес.

Од УХМР известуваат дека денес и утре (среда) ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност.

Под влијание на влажен бран во четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини од снег. Претпладне врнежи ќе има на западот, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови. Во петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено, па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на западот. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време.