08/05/2024
Македонија

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува. Утре врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Во западните делови врнежите претпладне повремено ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места. До крајот на денот ќе престануваат и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Денес во вечерните часови во јужните и источните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на секаде. Утре врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (до утре вечер над 35 л/м2), а во југоисточните ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Во западните делови врнежите претпладне повремено ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места.