23/04/2024
Македонија

Следува период со повремено зголемување на облачноста

Од УХМР известуваат дека од денес попладне следува период со повремено зголемување на облачноста.

Во недела попладне, услови за локален дожд ќе има претежно во јужните делови од земјава, а ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува југозападен ветер.

Во вторник, под влијание на влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места.

Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо со услови за опаѓање на дневната температура.