27/04/2024
Охрид

Со турнир во баскет ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност

По повод Светскиот ден на физичка активност, утре на 10.05.2023 година (среда) во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи завршен турнир во баскет од сезона 2022/2023 за основните училишта во рамките на училишните спортски лиги.

Турнирот го организира Сојузот на училиштен спорт во соработка со Одделение за спорт и млади при Општина Охрид.

Натпреварите започнуваат во 8:30 часот, а официјалниот дел од настанот ќе се одржи во 11:00 часот.


WebOhrid / 09.05.2023 / Општина Охрид