29/03/2024
Струга

Со тврд предмет повредил жител од Радолишта во кафе бар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.К.(28) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 02.03.2020 во кафе бар во с.Радолишта пријавениот со тврд предмет го нападнал Д.М.(55) од с.Радолишта и му нанел повреди.