19/04/2024
Охрид

Сообраќајка на патот Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача, повредени три лица

На 17.12.2021 година во 13:50 часот на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача, патнички автомобил „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(18) од Охрид, удрил во метален столб. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Н.(18), а со телесни повреди се здобиле возачот и вториот сопатник О.С.(18), двајцата од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.


WebOhrid / 18.12.2021 / СВР Охрид