20/04/2024
Македонија

Сообраќајка на патот Ресен – Охрид, повредени две лица

На 15.08.2021 во 11.10 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на с.Опеница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од с.Косел, охридско и мотоцикл „априлиа“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од с.Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата Г.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата сопатничка Т.Т.(24) од Прилеп се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“- Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.