29/04/2024
Струга

Сообраќајка на патот Струга – Охрид, повредени четири лица

На 21.08.2021 во 17.20 часот на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(22) од Струга и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(49) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б.(18) од с.Поум, констатирани во Медицински центар Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.