26/04/2024
Струга

Сообраќајна незгода во близина на Мислешево, повредено едно лице

На 01.02.2021 во 09.20 часот на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото с.Мислешево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(59) од Струга и товарно возило „форд“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од струшкото с.Драслајца.

Во незгодата, возачот А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.