15/10/2024
Македонија

Соопштение од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев во интервјуто https://www.youtube.com/watch?v=3pEuRSWFEQA за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.

Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ.

Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани.