18/04/2024
Македонија

Соопштение од МОН

Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука  на Република Македонија распишува:

К О Н К У Р С
за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување  во Република Хрватска за академската 2018/2019 година

1.    Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија,  потребно е да се студенти кои имаат завршено минимум два семестри на катедрата за хрватски јазик и литература, студенти на катедрата за хрватски јазик, и литература, кои работат на нивните дипломски тези, или студенти запишани на втор циклус на студии  

2.    До осум (8) месеци стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да се магистри или доктори на науки од сите научни области.

3.    Две (2) стипендии за летниот курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.
Кандидатите кои сакаат да се пријават за оваа стипендија потребно е да бидат студенти по славистика, односно по хрватски јазик и литература, асистенти и професори од катедрата за хрватски јазик и литература или од други научни установи, кои го истражуваат хрватскоит јазик и литература, како и преведувачи и лектори.

Потребна документација за пријавување:
   
За точка број 1  потребни се следните документи:

1.    Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.    Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;

3.    Фотокопија од пасош;

4.    CV, (Во Европски формат); https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose

5.    Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломски студии,  (копија од BA/BSc програми);

6.    Мотивациско посмо;

7.    Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;

8.    Потврда за редовен студент;

9.    Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

 
За точка број 2  потребни се следните документи:

1.    Образец за пријавување; ( пополнетиот Образец,  потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.    Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за   пријавување;

3.    Фотокопија од пасош;

4.    CV, (Во Европски формат); https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose

5.    Листа на публикации;

6.    Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен  соодветен документ од партнерот;

7.    Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;

8.    Сертификат за владеење на Хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да е на друг  јазик. (Да е приложено во писмото за покана);

9.    Две препораки од компетентни професори/експерти од областа на истражувањето;

10.    Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;

11.    Здравствена потврда за општата здравствена состојба.

За точка број 3  потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да  биде доставен и во електронска форма) на  http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2. Фотографија од лична карта поставена на образецот за   пријавување;

3. Фотокопија од пасош;

4. CV, (Во Европски формат) https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose

5. Потврда за редовен студент издадена од матичната институција(за студенти) и копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;

6. Мотивациско писмо;

7. Писмо за препорака;

8. Доказ за владеење на хрватски јазик (минимум А2)

Здравственото осигурување на прифатените кандидати е врз основа на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за социјално осигурување „Службен весник на Република Македонија“, бр. 34/1997.

Согласно овој Договор, на прифатените кандидати им се препорачува да обезбедат документ, кој во случај на болест ќе им овозможи здравствена заштита во Република Хрватска.

Напомена: Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и да го доставите во три примероци во хартиена форма, заедно со потребната документација.

Наведените документи потребно е во три примероци да се достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 02 март, 2018 година.

Подетални информации за наведениот Конкурс можете да најдете на следниов линк: https://mzo.hr/en/scholarships-republic-croatia-call-applications-20182019 и http://www.mobilnost.hr/en/content/bilateral-programmes-of-mobility-in-higher-education/#eng-bil. и во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска. biljana.vasileska@mon.gov.mk.