28/04/2024
Охрид

Спортски ден во салата „Тодор Александров“ Велгошти

По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, денес во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име започна Спортскиот ден за учениците од основните училишта од Охрид, кој како домаќин го организира ООУ „Живко Чинго“ во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид.

„Голема благодарност до градоначалникот на општина Охрид, господин Кирил Пецаков и Локалната самоуправа кои секогаш се подготвени да ги поддржат ваквите манифестации кои значат правилен психофизички и социјален развој на најмилите, а тоа се нашите деца. Со спортската игра и натпреварувањето, децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разочаруваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот. – истакна директорката на ОУ „Живко Чинго“ Љубица Ангелоска Кркачоска, која го прогласи Спортскиот ден за отворен.

Ќе се играат натпревари во фудбал за 6-то и 7-мо одделение, баскет за ученици од 8-мо и 9-то одделение, шах за ученици од прво до 9-то одделение и пинг-понг за ученици од 6-то до 9-то одделение. Најдобрите во сите дисциплини ќе бидат наградени со пехари, медали и дипломи.


WebOhrid / 04.03.2024