05/03/2024
ОхридСпорт

Спортски ден во Велгошти по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

ООУ„Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт, Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров.

Натпреварите ќе се одиграат на 03.03.2023 година (петок) со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер.

Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини:

-Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи);

-Баскет за ученици од осмо и девето одделение (3+1,  машки и женски);

-Шах за ученици од прво до девето одделение ( 2 машки, 2 женски);

-Пинг понг за ученици од шесто до девето одделение (2 машки, 2 женски).

Натпреварите се бодуваат во рамките на училишните спортски лиги при Сојуз на училишен спорт Охрид. Предвидени се следните награди:

-Фудбал: Пехар за освоено 1-во, 2-ро, 3-то место;

-Баскет: 3 пехари во машка и 3 пехари за женска конкуренција;

-Шах: 3 медели во машка и 3 медали во женска конкуренција;

-Пинг понг: 3 медали во машка и 3 медали во женска конкуренција.


WebOhrid / 21.02.2023 / Општина Охрид