27/04/2024
Охрид

Сребрен медал за филмот „Друг човек“ на МАССУМ

Државниот натпревар ,,Образовно рандеву 2021“ на МАССУМ во соработка со Американскиот Универзитет на Европа – ФОН се одржа на 23 и 24 април за средните училишта од цела Македонија. Учениците од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски учествуваа во 5 категории постигнувајќи ги високи резултати.

Второ место, сребрен медал во категоријата најдобар филм со филмот „Друг човек“ и актерите Дарко Соколески, Ерол Брзев и Димитар Дуноски. Креативните ученици ни покажуваат како може да се биде друг човек и лошите односи и ситуации во минатото да се променат. Никогаш не знаеме каде ќе нѐ однесе животот. Другиот човек во секој е виновен за сето добро што не го направил. Биди промената и другиот човек, носител на низа промени во општествениот живот кои сакаш да ги видиш во светот!

Линк до филмот: https://www.youtube.com/watch?v=ML1_ILGodHY&t=36s

Во категоријата постер учениците: Ерол Брзев го освои 4-то место, Даниела Митрева 12-то место, Ана Марија Мискоска и Елена Блажевска 20-то место.

Ученичката Сара Џелили со песната „Сироти“ во категоријата најдобра поетска творба го освои 6-то место, додека Николче Ангеловски со песната „Години“ 10-то место.

Учество зедоа и учениците Николче Ангеловски, Дамјан Макешоски и Марко Настески снимајќи заедно со повеќе актери уште еден филм „Изборот е твој“. Вредните ученици ни покажуваат како животот често знае да биде многу непредвидлив. Опасностите и пороците ги демнат младите од сите страни во овие измешани времиња и невремиња. Страв, среќа, солзи, кошмари, неосоници, болка во срцето, празнина во душата, пискотници во сонот. Или доброто или злото е насоката по која младите ќе изберат да се движат во животот. Секој нов ден нуди можност за нов избор во животот. Доброто е вистинскиот пат во животот!

Линк од филмот: https://www.youtube.com/watch?v=d0oU60Vg-dM&t=168s

Во категоријата најдобра фотографија зедоа учество учениците Даниела Митрева и Дарко Соколески.

Во видео-реклама за МАССУМ и ФОН учество зеде ученикот Давор Стоески.

Линк до рекламата: https://www.youtube.com/watch?v=tL2ab0DwGqM

И во пандемија учениците докажуваат дека нивниот талент е голем освојувајќи награди.

Честитки за сите ученици, менторот проф. Перчо Божиновски, МАССУМ и АУЕ ФОН!