19/04/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Георгиески со претставници од Институтот за трансфузиона медицина

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со директорите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, д-р Садула Усеини и м-р Венко Стомнароски.

Од двете страни беше изразено огромното задоволство од успешно реализираната крводарителска акција што денеска се одржа во Охрид и големиот одзив на Охриѓани кои се покажаа како одлични донори на крв во услови кога државава и целиот Свет се соочува со пандемијата од Ковид 19.  Заеднички беше заклучено дека задоволителниот број  на собрани единици крв и добрата организација на настанот се само повод за организирање на вакви или слични други настани со хуманитарен карактер.

На средбата присуствуваше и заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.