29/03/2024
Македонија

Средба на МНР Димитров со пратеникот на германскиот Бундестаг, Мануел Сарацин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес оствари средба со Мануел Сарацин, пратеник од редовите на Зелените во германскиот Бундестаг.

МНР Димитров го запозна соговорникот со развојот на реформските процеси од Планот 3-6-9 и планираните активности за зацврстување на европскиот и евро-атлантскиот курс на Република Македонија. Министерот Димитров се осврна и на резултатите од засилените активности на планот на добрососедските односи, како и на поволниот момент за демократско созревање на Регионот.

Посебен акцент беше ставен на потребата од зајакнување на парламентарната соработка меѓу двете земји, имајќи ја предвид исклучително значајната поддршка на Бундестагот во процесот на европската интеграција на Република Македонија.

mnr2

Во таа насока, МНР Димитров ја поздрави одличната билатерална соработка и се заблагодари за досегашниот активен придонес на СР Германија во процесот на проширување на ЕУ со Република Македонија и земјите од регионот.