26/04/2024
Македонија

Средба на премиерот Спасовски со кинескиот амбасадор Ѕуо

амбасадорот на Народна Република Кина во нашата држава.

На средбата е истакната високата солидарност и добрата соработка меѓу двете држави за време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Амбасадорот Ѕуо пренесе поздрав до премиерот Спасовски од кинескиот премиер Ли Кечијанг, при што е оценето дека нашата држава добро се справува со последиците од пандемијата на здравствен и на економски план. Премиерот Спасовски се заблагодари на НР Кина за помошта во медицински и санитетски материјали и за споделените искуства околу справувањата со вирусот и изрази очекување за натамошна соработка.

Изразена е и заедничка определба и за развој на соработката во рамки на иницијативата 17 + 1, во областите: земјоделство, инфраструктура, енергетика, образованието и културата.

На средбата е истакнато дека НР Кина е определена кон мултилатеризам и во таа насока го поддржува напредокот на нашата држава во eвро-aтлантските интеграции.

„Оваа Влада, во услови на светска здравствена криза, успешно организираше и спроведе фер и демократски избори, како што доликува на земја членка на НАТО, којашто е на прагот да почне преговори со ЕУ. Очекувам во рамки на уставните и законски рокови да ја добиеме новата Влада којашто ќе продолжи цврсто по патот на евроинтеграциите. Новата Влада има за цел силно да се посвети на економијата, со цел унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани“, рече премиерот Спасовски.

Во таа насока, на состанокот е заеднички констатирано дека постои стабилна основа за натамошен развој на економските односи меѓу Република Северна Македонија и НР Кина.