16/04/2024
Македонија

Средба на премиерот Заев со австрискиот амбасадор Вуцас

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.

На состанокот се изразени честитки за изборот на новата Влада и e потврдена поддршката од Австрија за европските интеграции на нашата држава.

Премиерот Заев упати порака до австрискиот канцелар Курц дека и новоизбраната Влада во земјава е целосно посветена на европскиот пат.

На средбата е изразена согласност дека владеењето на правото е една од клучните области за Република Северна Македонија и за интеграциите и притоа е констатирано дека Австрија може да помогне во унапредувањата во оваа област.

„Големи можности се сега пред нас, откако воспоставивме добрососедски односи со сите соседи и со тоа создадовме можности за бенефити за нашите граѓани на домашен план. Тоа се економските можности од значење и за граѓаните и за државата. Владата, со развојот на економијата, е цврсто определена да работи и на владеењето на правото и е подготвена да соработува и со Австрија и со европските институции со цел усогласување на праксите и легислативата“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, зборуваше и за насоченоста на Владата кон развој на образованието и на здравствениот систем и се заблагодари за солидарноста од Австрија и државите на ЕУ за време на здравствената криза.

На состанокот е констатирано дека економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија е одлична и дека има можности за интензивирање на билатералните односи во следниот период, во областа на инвестициите, здравството, енергетиката, трговијата, културата, земјоделството.