15/07/2024
Македонија

Средба на претседателот на СДСМ Заев со шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на ОБСЕ предводена од Шефот на мисијата во земјава, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата се разговараше околу повеќе актуелни теми, со фокус на претседателските избори.

Заеднички беше заклучено дека на претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред државата, за граѓаните слободно да го искористат своето правото на глас, а изборите да бидат фер и регуларни.

-Успех за нас ќе бидат кристално чисти фер и демократски избори. Како владејачка партија се обврзуваме на тоа и очекуваме од сите учесници да бидат одговорни. Се надеваме дека опозицијата нема да се обиде да ја закочи иднината на државата, ќе преземе одговороност и нема да го блокира вториот круг. Успешни избори отвораат голем простор реформите да продолжат, Република Северна Македонија да направи нов исчекор кон интеграцијата во ЕУ. Тоа е од интерес на сите наши граѓани, рече претседателот Заев.

Мисијата на ОБСЕ е веќе активно вклучена, набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите активностите пред и за време на кампањата, работата на институциите. Како дел од набљудувањето, ОБСЕ/ОДИХР исто такаќе го следи и известувањето на медиумите за време на кампањата.