24/04/2024
Македонија

Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија соопштува дека Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка за 2019 година обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по чешки јазик во рамките на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) и Брно (2 места).

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци:
– Пополнет формулар за учество на летната школа;
– CV, кратка биографија;
– Диплома за завршено високо образование;
– За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет;
– Мотивационо писмо.
Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.
Непотполни и не навремено доставени документи нема да се земат во предвид.

Апликацијата за пријавување и потребни информации на: http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies?lang=2 и на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија: www.mon.gov.mk (- конкурси) и истата треба да се достави во два примерока.
Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.
Подетални информации како и апликациите можат да се добијат на веб страната: http://www.mzv.cz/skopje

Кандидатите треба да се пријават најдоцна до 08.03.2019 година во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Сектор за наука и иновации, Одделение за меѓународна соработка, (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Северна Македонија). Лице за контакт – Видановски Гоце ( 02 ) 3140185
Интервју со кандидатите ќе се одржи на 12.03.2019 година во 10.00 часот во Министерството за образование и наука, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, 1400 на 14 кат.