25/04/2024
Охрид

Свети литургии за претстојните празници

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2019 (четврток), во манастирот „Св. Спас“ горно Лакочереј – Охрид, по повод празникот „св.ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе биде ракоположен во свештенички чин на ѓаконот Оливер Новески.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На 01. ноември 2019 (петок), во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.