29/04/2024
Македонија

Светски конгрес за гранична безбедност во Мадрид

Државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска и директорот на БЈБ, Лазе Велковски се во официјална посета на Кралството Шпанија, при што остварија повеќе средби и активности. На покана на OSCE присуствуваат на Светскиот конгрес за гранична безбедност, што се одржува во Мадрид од 20-23 март 2018 год. Во рамките на оваа активност, остварија билатерална средба со генералниот директор на шпанската полиција г-нот Герман Лопез Иглесијас и директорот на Одделот за илегална миграција и трговија со луѓе и нивните соработници, при што беа договорени повеќе активности за унапредување на понатамошната соработка особено во сферата на организираниот криминал,трговијата со луѓе и илегалната миграција. Во рамките на средбата, на покана на директорот на Одделот за трговија со луѓе и илегална миграција беше остварена посета на Националниот центар за гранично управување при МВР на Кралството Шпанија.