Свикана дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.05.2023 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 21-ва седница, Записникот од 22-ра седница,
Записникот од 23-та седница и Записникот од 24-та седница
-
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2023 година за периодот од 01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1) за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 (НА) за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2) за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 (НБ) за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2023 година (В1) за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2023-2025 (ВА) за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2023 година за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година за период од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 годинa.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работaта на ЈП„Билјанини извори“- Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за утврдување на начин за пресметување на цената за фактурирање на субјекти (корисници) кои користат техничка вода.
- Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори – Охрид.
- Предлог-одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување член во Надзорниот одбор на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување и именување член во Училишниот Одбор на ООУ „Св.Наум Охридски“ с.Пештани.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година со интегриран финансиски извештај за 2022 година.
- Предлог-одлука за давање на медицинска и друг вид опрема на трајно користење од Проект КРОС4ОЛ од 2019 година, на Црвен крст Охрид, Општа болница Охрид и ЈЗУ Здравствен дом Охрид.
- Предлог-одлука за примање на донација од ЊУ ВИЖЕН ДОО Охрид за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на три градежни парцели од Г.П.13.1.2, формирана во ДУП за Урбан Блок 13.1 УЗ 13 во КО Охрид 2 Општина Охрид.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2023 година во општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 2.3.27 во ДУП УЗ 2, дел од БЛОК 2.3. опфат 3, плански период (2010-2015), Охрид, Општина Охрид.
- Предлог-заклучок за усвојување на Информација за постапката за донесување ДУП за УЗ 10 дел од УБ 10.1 – опфат 2.
- Предлог-заклучок за усвојување на Информација за постапката за донесување ДУП за УЗ 2 дел од УБ 2.4 – опфат 1.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за донесување План за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели ГП 7.1.37, ГП 7.1.38, ГП 7.1.39, ГП 7.1.45 и ГП 7.1.46 во ДУП за УЗ 7, урбан блок 7.1, Охрид со намена А1 – домување во куќи Општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување План за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.1 во ДУП за 6-та урбана заедница, УБ 6.2 – опфат 1 во КО Охрид 2 и КО Охрид 3, Општина Охрид со тех.бр. 13/2022 од мај 2023 година.
- Предлог-одлука за донесување План за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на две градежни парцели ГП 2.5.66 и ГП 2.5.65 на КП 16661/1, КП 16660/2 и делови од КП 16661/2, КП 16661/3, КП 16660/1 КО Охрид 3, со основна класа на намена А1 – домување во станбени куќи во ДУП дел од Урбана заедница 2, дел од Блок 2.5 – опфат 1 Охрид, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 426 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 814/2 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 905/1 и 905/5 КО Оровник.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 940 КО Косел.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 951/24 КО Оровник.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1030/1 КО Завој.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1818/1, 1818/3 и 1175/2 КО Љубаништа.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2023/2 и 2022 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2154/7 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2162 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2231/1 КО Долно Лакочереј.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2602 КО Долно Лакочереј.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2741/1 КО Коњско.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 4228/4 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 2492 и 2494/1 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 8607/2 КО Охрид 2.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев
WebOhrid / 19.05.2023 / Општина Охрид