29/04/2024
Охрид

СВР Охрид и РСБСП реализираа превентивна акција „Безбедно возење трактори и земјоделски машини“

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со РСБСП, на подрачјата на охридските села Косел, Лескоец, Горно и Долно Лакочереј, реализираа превентивни активности во рамки на превентивната акција што се одвива под мотото – “Безбедно возење трактори и земјоделски машини“ .

Притоа, полициски службеници беа на терен каде земјоделците управуваа и работеа со земјоделска механизација и со нив разговараа за важноста од техничката исправност на тракторите и другата механизација вклучена во сообраќајот, како и за задолжителна исправност на светлосните уреди за поголема видливост, посебно во ноќни услови како основен предуслов за нивно безбедно учество во сообраќајот.

На земјоделците-возачи на земјоделската механизација им беа посочени и другите законски обврски и едукативни совети за подигање на сообраќајната култура, а на тракторите и земјоделските машини беа поставувани флуоресцентни самолепливи лепенки за поголема видливост.


WebOhrid / 01.11.2022 / СВР Охрид