09/10/2024
Охрид

СВР Охрид: Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест

Од СВР Охрид известуваат дека на протестот одржан денеска во Охрид, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.

Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место, кон одредена група граѓани фрли со предмет.

Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.


WebOhrid / 07.10.2022 / СВР Охрид