06/10/2024
Охрид

СВР Охрид одржа координативен состанок со службите кои вршат дејности од јавен интерес

На иницијатива на СВР Охрид, денеска во Општина Охрид се одржа работен координативен состанок со службите на локалната самоуправа, пазарниот општински инспекторат, трудова инспекција, инспекторат за туризам, јавните претпријатија како и претставници на хотелско-угостителските објекти. Целта е поцелосно дефинирање на мерките и координирање на активностите со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници.

На работната средба, претставниците на СВР Охрид и на службите кои вршат дејности од  јавен интерес, договорија интензивни засилени мерки со цел, Новогодишните и Божиќните празници во Охрид да поминат беспрекорно и без проблеми на безбедносен план, беше договорена тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност на заедничките тимови за поефикасно делување на целото подрачје.

Ваква координативна средба, СВР Охрид ќе оствари и со Агенциите за обезбедување кои, согласно Законот за обезбедување имаат надлежности при физичкото обезбедување на објектите во градот со цел одговорна и доследна примена на нивните овластувања.

Од агенциите ќе се бараат ажурирани безбедносни оперативни планови и прецизни прегледи на угостителските објекти со кои имаат склучено договори за обезбедување во текот на претстојните Новогодишни и Божиќни празници како и информации за одредени безбедносни согледувања и проблеми на терен кои можат да влијаат врз степенот на безбедноста на подрачјето.


WebOhrid / 15.12.2023 / СВР Охрид