28/04/2024
Македонија

СВР Скопје со превентивни активности за едукација на граѓаните за превенција од џебни кражби и кражби во станови

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со општина Аеродром и Capitol Mall, ќе продолжат со превентивни активности за информирање и едукација на граѓаните во насока на превенција од кражбите во станови , појава што е особено засилена во летниот период, како и од џебните кражби.

Така задутре (08.06.2018) во периодот од 12:00 до 13:00 часот пред платото на Capitol Mall во општина Аеродром полициски службеници ќе делат флаери со информативна содржина и истовремено ќе ги едуцираат граѓаните околу најважните факти што треба да ги знаат за што поуспешна превенција од овие имотни деликти.