03/05/2024
Охрид

СВР со мерки за безбедно одвивање на сообраќајот за чествувањата на празникот Свети Еразмо

СВР Охрид, презема соодветни мерки за безбедно одвивање на денешните и утрешните чествувања на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

Со оглед на градежните активности на автопатската делница кон Охрид кои моментно се изведуваат, сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо“ ќе се одвива по стариот пат Охрид-Струга и кај Подмоље, кон Охрид, ќе биде дозволен пристап со возила до манастирскиот комплекс каде, ќе биде можно паркирање од двете страни на коловозот. Напуштањето на комплексот ќе биде кон Подмоље и потоа по стариот пат Охрид-Струга.

За таа цел, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе вршат физичко  и пунктовско обезбедување на предвидената траса, а целта е безбеден сообраќај и избегнување на незгоди и други проблеми во сообраќајот.

СВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на предвидениот патен правец.


WebOhrid / 14.06.2023 / СВР Охрид