22/06/2024
Охрид

ТАВ Македонија го затвори Аеродромот во Охрид со цел спречување на ширење на коронавирусот

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена синоќа (14.3.2020) за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

„Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови.

За информации во врска со летовите кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер

Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс

Малме – 17 часот и 35 минути – Визер

Базел – 18 часот и 30 минути – Визер

ги замолуваме сите патници да ги контактираат нивните авиокомпании.“ – информираат од ТАВ Македонија.