28/04/2024
Охрид

Традиционален годишен концерт на ансамблот „Билјана“

Под слоганот „Една песна една приказна“, вчеравачер во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа единаесетиот годишен концерт на ансамблот „Билјана“, по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.

Во рамки на концертната програма беа претставени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор  на настанот беше биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт беа Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.

Ансамблот „Билјана“, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и традиционално се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.

Концертот е поддржан од Општина Охрид преку Програмата за култура за 2023 година.


WebOhrid / 06.09.2023 / Општина Охрид