27/04/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид

Четвртоодделенците од ОУ „Христо Узунов“, денеска ја посетија општина Охрид. Нив  во големата општинска сала ги пречека  градоначалникот д-р Јован Стојаноски, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа, а потоа одговараше и на прашањата што беа упатени до него.

Учениците  беа и во кабинетот на градоначалникот, одблизу се запознаа со неговата работа и  посетија  неколку служби во локалната администрација.

За функционирањето  на  локалната самоуправа основците учат  по  наставниот предмет „Општество“.