29/03/2024
Охрид

Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец со најмногу освоени награди на „Училишните игри без граници“

Училишните игри без граници се оддржаа на 03.12.2019 година, во спортскиот центар „Климент Колески“, а во организација на Извидничкиот одред „Пионер“.

ОУ „Ванчо Николески“ учествуваше со вкупно 6 екипи, и тоа: 2 екипи од четврто одделение, 2 екипи од петто одделение и 2 екипи од шесто одделение. Екипите од ова школо ги постигнаа следниве резултати:

I место – учениците од IVa одделение
I место – учениците од Vб одделение
II место – учениците од IVб одделение
II место – учениците од VIa одделение
III место – учениците од VIб одделение

Овие ученици се стекнаа и со два ваучери за учество на заеднички камп во текот на летниот распуст. Целта на овој проект е развивање на психомоторните способности (досетливост, брзина, спретност, вештини), како и тимски и натпреварувачки дух, во што учениците од ова училиште се покажаа како најдобри.